Линдзи Вон има една желба пред последната сезона во кариерата

Трофејната американска скијачка, Линдзи Вон, објави дека претстојната сезона ќе биде последна во кариерата. Американката притоа откри дека има една голема желба пред стартот на сезоната која за неа дефинитивно, ќе биде посебна.

Вон посакува да ја заврши кариерата со рекордерн број победи во историјата на Светскиот скијачки Куп. Најуспешната скијачка во историјата има  вкупно 82 победи, а рекордер е легендарниот Швеѓанец, Ингемар Стенмарк со четири победи повеќе.

Ако успеам, тогаш ќе го остварам својот сон. Но, и ако не успеам, мојата кариера и понатаму ќе биде неверојатна“ – изјави 33-годишната Линдзи Вон.

На американската скијачка ова ќе и биде 17.сезона во Светскиот куп. Во својата колекција на трофеи Линдзи Вон има четири Големи кристални глобуси и 18 Мали глобуси. Освои и едно олимписко и две свестки злата.

Се вчитува...