Линдзи Вон стана рекордерка во Светскиот скијачки куп

Американската скијачка Линдзи Вон со победата во супервелеслалом на трката во Валдизер стигна до нов рекорд во Светскиот скијачки куп. Таа славеше со време од 1:04.86 минути и беше за 31 стостинка подобра од Италијанката Софија Гоџи. На третата позиција се пласираше Норвежанката Ранхилд Мовинкел, која зад победничката заостана 39 стотинки.

Линдзи Вон со оваа победа стана најуспешна скијачка во историјата на Светскиот куп, а апсолутен рекордер е Швеѓанецот Ингемар Стенмарк, кој во кариерата забележа вкупно 86 победи.

Се вчитува...