Лингард ги излуде гигантите, каде ќе заврши „црвениот ѓавол“

Италијанскит гигант Интер ја следи ситуацијата на Џеси Лингард во Манчестер Јунајтед, додека напаѓачот продолжува да импресионира на позајмица во Вест Хем.

Лингард отиде на позајмица оваа зима, каде доживеа преродба, а „ЕСПН“ сега објави дека неговите фантастични игри не поминале незабележани дури и кај големите европски клубови. Наводно, го следат скаути од Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, но најголем интерес засега покажува Интер. „Црвените ѓаволи“ ќе бараат 30 милиони евра за Лингард, сума што сите овие европски гиганти можат без проблем да си ја дозволат.

Англискиот репрезентативец сега не може да се спореди со не толку далечниот период кога играше за Јунајтед. На девет натпревари во дресот на Вест Хем, тој успеа да постигне осум гола и да забележи девет асистенции, што не ги успеа во клубот од „Олд Трафорд“ во последните три години.

 

 

Се вчитува...