Лино Червар ги отпиша Ивиќ и Шебетиќ пред СП

По настапот на ХЕП Куп во Пореч, селекторот на Хрватската репрезентација, Лино Червар, го скрати списокот на кандидатите за претстојното СП во Германија и Данска. На Мундијалот нема да настапат голманот Филип Ивиќ и десниот бек Лука Шебетиќ.

Голот на Хрватска на СП ќе го бранат Иван Стевановиќ и Марин Шего, а на десен бек „коцкестите“ ги имаат Лука Степанчиќ и Јаков Вранковиќ.

Червар сега на располагање има 19 ракометари, а конечниот список од 16 репрезентативци што ќе патуваат на СП ќе биде познат ден пред тргнувањето за Минхен.

Хрватска е еден од противниците на Македонија во групата Б , во првата фаза од шампионатот. Дуелот со Хрватите е на 14 јануари.

 

Се вчитува...