Лино Червар го објави финалниот список за СП – Јагањац наместо Шушња

Репрезентацијата на Хрватска на СП во Германија и Данска ќе патува со 18 играчи. Селекторот Лино Червар денеска го соопшти финалниот список на патници за Минхен. Тој одлучи на СП да патува со 18 репрезентативци, однсоно двајца играчи во резерва.

На местото на пикерот на ППД Загреб, Леон Шушња кој се повреди во текот на подготовките, во составот ќе биде левиот бек Халил Јагањац, но доколку Шушња навреме се опорави ќе биде направена замена.

Во составот на Хрватска за СП се: голмани – Марин Шего, Иван Стевановиќ, леви крила – Мануел Штрлек, Давид Мандиќ,  десни крила – Златко Хорват, Иван Вида, пикери – Жељко Муса, Крешимир Козина и Марин Шипиќ, леви бекови – Дамир Бичаниќ, Иван Слишковиќ, Халил Јагањац и Ален Блажевиќ, средни бекови – Домагој Дувњак, Лука Циндриќ, Игор Карачиќ, десни бекови – Лука Степанчиќ, Јаков Вранковиќ.

Хрватска е еден од противниците на Македонија во групата Б во Минхен. Настапот на СП го отвораат на 11 јануари против Исланд, а дуелот со Македонија е на 14 јануари. Во групата Б се уште и селекциите на Јапонија, Бахреин и Шпанија.

Се вчитува...