Лино Червар ја одложува пензијата поради коронавирусот

Поранешниот македонски селектор Лино Червар не е оптимист дека до крајот на сезонава ќе можеме да проследиме нови возбудувања на ракометните терени ширум Европа.

„Стравувам дека сезонава нема да има веќе ништо од ракомет. Искрено би сакал да грешам, но ситуацијата во моментов не дава премногу надеж. Можеби ќе се организира некаква завршница за првак на Хрватска, евентуално да се одржи и завршниот турнир од СЕХА-лигата, но ништо повеќе од тоа“, изјави Червар.

Тој е убеден дека ќе дојде и до одлагање на Олимписките Игри во Токио, а со самото тоа ќе се одложи и пензионирањето на поранешниот стратег на Металург.

„Не се повлекувам додека не освојам олимписки злато. Останувам на ставот дека ќе се пензионирам по ОИ во Токио, но не знам која година ќе се одржат. Во моментов не ми личи како да ќе се презакажат за крајот на годинава, многу пореално е 2021. Не се знае ни дали и кога би играле квалификации“, порача Лино Червар.

 

Се вчитува...