Лино Червар од јуни на клупата на ППД Загреб?

Официјално, се уште актуелниот тренер на Металург и хрватски селектор, Лино Червар, од јуни ќе седне на клупата на ППД Загреб. Тоа го потврди хрватскиот шампион со соопштението до јавноста со кое се „расчистува“ ситуацијата околу смената на Златко Сарачевиќ и шпекулациите кој ќе биде неговиотн наследник. Како што наведуваат од ППД Загреб, Червар бил веќе „договорена работа“, а Сарачевиќ бил само времено решение на клупата.

Поради зачестените шпекулации и дезинформации на ракометната јавност, приморани сме да се обратиме до јавноста по прашањето за главниот тренер на ППД Загреб.

Тренерот на сениорската екипа, Златко Сарачевиќ имаше договор со ППД Загреб до завршувањето на Европското првенство во Хрватска како тренер на првата екипа, со негова лична согласност, доколку биде постигнат договор меѓу клубот и господинот Лино Червар за преземање на клупата на ППД Загреб, да остане во функција на прв помошник.

Поради објективните околности и важноста на квалификациските натпревари за СП 2019 со Црна Гора, селекторот Лино Червар, замоли за пролонгирање на разговорите за преземање на паралелната должност (селектор на Хрватска и тренер на ППД Загреб) до завршувањето на квалификацискиот циклус и во тој контекст, со тренерот Сарачевиќ договорено е тој да остане на кормилото на првиот тим на ППД Загреб до крај на актуелната натпреварувачка сезона. За евентуалните новости врзани за тренерот на првиот тим на ППД Загреб за следната сезона, правовремено ќе ја информираме јавноста“ – стои во извесувањето од ППД Загреб.

Се вчитува...