Еден од најпознатите светски ракометни стручњаци, и поранешен селектор на Македонија, Лино Червар повторно се враќа во Македонија, но овој пат со еден специфичен ангажман.
Хрватскиот стратег ќе биде главен промотор на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид кој се игра ова лето од 19 до 23 август, во нашиот најголем туристички центар.
Како што информираат организаторите, Червар ќе биде присутен од самиот старт на турнирот промовирајќи ги сите негови активности, но и ракометот на Балканот, одржувајќи и бројни средби на истиот и со медиумите, но и со самите клубови учесници. За време на турнирот ќе биде промовирана и неговата автобиографија.
Лино Червар е еден од најтрофејните европски ракометни тренери, кој и со македонскиот Металург во два наврати дојде и до четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА