Лино Червар во војна и со управата на ППД Загреб!

Ниедно доаѓање, а ни заминување на Лино Червар на клупата каде и да е не доаѓа мирно и без медиумска внимание, па ни неговото последно повлекување од клупата на ППД Загреб.

Червар пред три недели најави дека  во договор со раководството, го напушта тренерското место во хрватскиот шампион за да и се посвети на хрватската репрезентација. Но, вчера по натпреварот со Нексе, ги нападна челниците на ППД Загреб и побара објаснување зошто е сменет.

„Сакам клубот јавно да образложи зошто повеќе не сум тренер. Нека го кажат тоа јасно и гласно и нека ми објаснат убаво! И одговорот нека биде што побрзо. Последниве десет години постијано нешто ми се подметнува. Кој ми подметнува? Клубовите. Постојано ме напаѓаат. И ако клубот не ја каже вистината, нема да биде добро, тогаш јас ќе кажам се. Некои работи се случија и покрај договрот и затоа сакам да чујам што имаат да кажат. Ако не ја кажат вистината, тогаш јас ќе кажам се. На некого тоа нема да му биде мило и пријатно“ – се закани вчера Лино Червар.

На денешната прес-конференција објаснување на ситуацијата даде директорот на ППД Загреб, Ведран Шупуковиќ.

„Лино Червар пред натпреварот со Нант пред дваесетина дена на прес најваи дека заминува од клубот. Рече дека е презафатен со обврските околу репрезентацијата. Изјавата дека очекува клубот да објасни зошто повеќе не е тренер не ни е јасна, тука нема што да се каже освен дека со Лино имавме договор да го води тимот додека има сили за тоа покрај работата во репрезентацијата“ – изјави директорот на ППД Загреб, Шупуковиќ.

Од хрватскиот шампион му се заблагодарија на Червар, но истакнаа дека за клуб како Загреб ќе биде несериозно сега повторно да го враќаат Червар на клупата.

Во име на клубот му се заблагодарувам на господинот Червар за се, му излеговме во пресрет и во приватниот живот и немаше никакви проблеми и судири. Тој сам објави дека заминува. Ако барате некое дополнително објаснување тој сам треба да каже што се сменило од денот кога рече дека заминува. Зборува за луѓето кои со години го минираат, треба да каже со име и со презиме кои се тие луѓе. Ние го штитевме неговиот дигнитет и можам да кажам дека господинот Червар има респект од сите нас во клубот. Но ако пред три недели најави дека заминува, не може сега да каже дека сака објаснување зошто е тоа така! Лино сам се повлече, го најави тоа на прес-конференција и детално објасни зошто заминува“ – дополни Шупуковиќ.

По заминувањето од ППД Загреб, Червар засега останува со селектроскиот ангажман во репрезентацијата на Хрватска пред стартот на подготовките за СП 2019 во Германија и во Данска. Хрватска е еден од противниците на Македонија во групата Б во минхен заедно со Шпанија, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Се вчитува...