„Линсенити“: Останатите играчи ме викаат „коронавирус“ (ФОТО)

Џерем Лин, Американецот со тајванско потекло кој накусо направи „бум“ во НБА лигата кога во дресот на Њујорк Никс го доби прекарот „Линсенити“ за одличните партии кои ги приредуваше во сезоната 2011/12, се пожали за однос на кошаркарите кон него на паркетот кое доаѓа поради бојата на кожата.

32-годишниот бек оваа сезона настапува во Џи-лигата во дресот на Санта Круз Вориорс, а ги преседе последните три натпревари како протест за раситичките напади кон него на самиот терен, но и општо кон Азијатите во САД.

„Тоа што сум девет годишен НБА ветеран не ме штити од тоа да бидам нарекуван „коронавирус“ на треренот“ – изјави Џереми Лин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Baller Media (@theballermedia)

Се вчитува...