Лион еден меч без публика во Лигата на шампионите

УЕФА го казни францускиот клуб Лион да игра еден натпревар без публика во Лигата на шампионите поради испадот на навивачите на натпреварот против ЦСКА Москва минатата сезона, во осминафиналето од Лигата на Европа.

Лион е санкциониран затоа што навивачите на мечот што се одигра на 15.март фрлаа тврди предмети во теренот, непристојно скандираа и ги блокираа скалите на трибините. Покрај ова, клубот ќе мора да плати и 100.000 евра парична казна, а доколку се повтори сличен случај во наредните две години автоматски ќе се активира суспензија за уште еден натпревар пред празни трибини.

Се вчитува...