Лион ги зголеми маките на Монако

Лион го совлада Монако со убедливи 3-0 и ги зголеми маките на Тјери Анри и на раководството на „кнезовите“ во битката за опстанок во француската фудбалска елита. Со овој триумф, Лион стигна до 31 бод и се наоѓа на третата позиција на табелата.

Хусем Ауар во шестата минута ја затресе мрежата на Монако, а Набил Фекир ја удвои предноста во 34.минута. Во вториот дел и Ферлан Менди се запиша во листата на стрелците филувајќи ја убедливата победа на домашниот тим.

Се вчитува...