Руди Гарсија е изборот за нов тренер на Лион откако првиот човек Жан-Мишел Ола конечно ја заврши потрагата по наследник на Бразилецот Силвињо. Веднаш по отказот врачен на овој стратег беа споменувани врвни тренерски имиња како Жозе Мурињо и Арсен Венгер, но откако Ола доби негативни одговори од овие стратези, на крајот се реши за Гарсија.
Овој стручњак попладнево ќе пристигне во Лион на потпис на договорот, а пред себе ќе има одговорна задача да најде излез од кризата по слабите резултати на тимот во последните два месеци. Лион е без победа во последните пет кола и падна на 14. место на табелата со девет бода, само еден повеќе од „фенерџијата“ Мец.
Гарсија во периодот од 2016 до 2019 година седеше на клупата на Олимпик Марсеј, а претходно има шампионска титула со Лил во 2011 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА