Лион го отпушти тренерот Силвињо

Францускиот прволигаш Лион одлучи да му даде отказ на тренерот Силвињо. Причина за ова е очајниот старт на новата сезона во Франција и во ЛШ. По поразот од Сент Етјен, раководството на клубот донесе одлука за разделба со досегашниот стратег.

Лион го има најлошиот старт на првенството во последните 24 години, а под палката на Силвињо тимот победи само трипати на 11 меча.

Како привремено решение на клупата е поставен Жералд Батикл кој ќе раководи во корелација со спортскиот директор Жунињо. Се очекува многу брзо Лион да именува нов тренер, а како сериозен кандидат се наведува Арсен Венгер.

Се вчитува...