Лион го претстави Мемфис Депај како ново засилување

Холандскиот интернационалец Мемфис Депај го напушти Манчестер јунајтед и потпиша договор со Лион. Францускиот клуб го потврди трансферот вреден 16 милиони фунти, кој со дополнителни бонуси би можел да достигне и до 22 милиони фунти, и го претстави своето најново засилување на јавноста. Депај ќе го носи дресот со број „9“ на Лион.

„Ова е нов предизвик за мене во кариерата. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството и ќе му помогнам на тимот да ги реализира своите цели. Доаѓам во клуб со богата традиција и верувам дека тука ќе имам светла иднина“, изјави Мемфис Депај.

Се вчитува...