„Лион и ПСЖ ќе бидат масакрирани во ЛШ“

Франција е единствената земја од Топ5 лигите што досега објави крај на фудбалското првенство, а доколку сите останати лиги продолжат тоа ќе биде сериозен хендикеп за француските екипи кои се дел од завршницата во Лигата на шампионите. Лион на почетокот од август треба да го игра реваншот од осминафиналето во ЛШ против Јувентус, ПСЖ веќе е пласиран во четвртфиналето, но јасно е дека двата француски претставници ќе имаат исклучително тешка задача против екипи што се далеку подобро физички подготвени од нив.

„Донесена е одлука, реваншот со Јувентус ќе го играме на 7 август, зад затворени врати на стадионот во Торино. Ако жалбата за откажување на фудбалската сезона не вроди со плод, слободно можам да кажам дека Лион и ПСЖ ќе бидат масакрирани од тимовите што ќе бидат во топ-форма, за разлика од нашите тимови кои неколку месеци ќе бидат без официјални натпревари“, истакна претседателот на Лион, Жан Мишел Ола.

Се вчитува...