Фудбалерите на Олимпик Лион се пласираа во четвртфиналето во Купот на Франција, откако во крајно неизвесен натпревар по изведување на пенали во осминафиналето го елиминираа Лил.
Домаќините уште во 8. минута поведоа со 1-0 со голот на Черки. Во 21. минута Лион веќе имаше предност и од 2-0 со погодокот на Лаказет. До крајот на првиот дел гостите намалија на 2-1 преку Дејвид од пенал. Жегрова во 64. минута израмни на 2-2 и го одведе натпреварот во изведување пенали. Таму Лион беше подобар со 4-2.
Во останатите мечеви од програмата од 18.15 часот во францускиот куп: Анже – Нант 1-1 (п. 2-4), Оксер – Роде 2-3, Тулуз – Ремс 3-1, Верзон – Гренобл 0-1 и Париз – Анеси 1-1 (п. 5-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА