Лион подобар од Монако на отворањето на сезоната во Лига 1 (ВИДЕО)

Олимпик Лион го совлада Монако со 0-2 во премиерниот дуел од новата сезона во француската Лига 1.

Гостите од Лион уште во петта минута стигнаа до водство со голот на Муса Дембеле. Во 30. минута следуваше глупост на еден од најискусните во таборот на Монако, Цеск Фабрегас кој непотребно го нагази Дубоа. Првично Шпанецот доби жолт картон, но по асистенцијата од ВАР собата му беше доделен директен црвен. Победникот беше решен до крајот на првото полувреме кога во 36. минута Мемфис Депај зголеми на 2-0.

Во второто полувреме Лукас Тусар во 80. минута ги постави конечните 3-0.



Се вчитува...