Лион помина во осминафиналето, Сити со пресврт до триумф

Лион е последниот осминафиналист во Лигата на шампионите, откако ремизираше 1-1 на гостувањето против Шахтјор Доњецк и го освои второто место во групата Ф со осум освоени бода. Во директниот дуел, Шахтјор Доњецк не успеа да стигне до триумф што ќе го однесеше во нокаут фазата. Мораеш го доведе украинскиот тим во водство, но Фекир обезбеди осминафинале за Лион.

Манчестер сити со пресврт стигна до триумф над Хофенхајм со 2-1. Крамариќ од пенал го отвори резултатот, а израмни Сане пред крајот на првиот дел. Лиурој Сане во 61.минута го постигна победничкиот гол за „граѓаните“.

Валенсија го совлада Манчестер јунајтед со 2-1. Солер донесе водство за Валенсија, Фил Џоунс си постигна автогол, а Маркус Рашфорд беше стрелец на почесниот гол за „ѓаволите“.

Лига шампиони, резултати

Група Е: Ајакс – Баерн Минхен 3-3, Бенфика – АЕК 1-0.

Група Ф: Манчестер сити – Хофенхајм 2-1, Шахтјор – Лион 1-1.

Група Х: Валенсија – Манчестер јунајтед 2-1, Јанг – Бојс 2-1.

Се вчитува...