Лион во Монпеље дојде до важни три бода за опстанокот (ВИДЕО)

Екипата на Лион, која потроши многу пари за да обезбеди опстанок, освои важни три бода во битката за останување во Лига 1 и тоа над директен ривал за опстанокот – Монпеље.

Лион имаше проблеми по првиот дел, и имаше негатива од 1-0 откако домашниот тим со голот на Нордин стигна до предност.

Но, во вториот дел Лаказет во 74 минута израмни, а потоа Какере во 82. минута донесе целосен пресврт и победа за Лион.

Се вчитува...