„Лионел Меси е Хари Потер на фудбалот“

Легендарниот италијански напаѓач Кристијан Виери очекува спектакуларен крај на Светското првенство, а посебно внимание посвети на дуелот меѓу Шпанија и Аргентина, кој ќе го одреди новиот светски шампион.

Поранешниот италијански репрезентативец говореше во Њујорк и истакна дека во големото финале ќе се сретнат две селекции со сосема различни квалитети.

Според него, Шпанија со години гради препознатлив стил на игра на кој е исклучително тешко да се парира, но Аргентина го има играчот кој е способен да направи разлика во секој момент.

„Шпанија секогаш игра добро. Можете да ги победите, но никогаш нема да играте подобро од нив. Тие имаат свој начин на игра веќе 25 години и многу е тешко да се совладаат. Но, од друга страна, го имате најдобриот играч во светот. Волшебник. Хари Потер на фудбалот. Тој измислува нешто ново од натпревар во натпревар, а има 39 години, што е неверојатно“, изјави Виери.

Се вчитува...