Лионел Меси го „даруваше“ Папата, Францис си доби потпишан дрес на ПСЖ (ВИДЕО)

Францускиот премиер Жан Кастекс беше во официјална посета на Ватикан кај Папата Францис и му подари врамен и потпишан дрес на Лионел Меси од ПСЖ.

Папата Францис е голем љубител на фудбалот и веќе се има сретнато со својот сонародник Меси. Тој тогаш го нарече еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Инаку, Папата важи за голем навивач на аргентинскиот клуб Сан Лоренцо од Буенос Аирес.

 

 

 

Се вчитува...