Лионел Меси ќе биде подготвен за рестартот на сезоната во Ла лига

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси ќе биде подготвен за првиот натпревар на Барселона по паузата поради пандемијата од коронавирусот, изјави тренерот на каталонците, Кике Сетиен.

„Меси не е единствен во екипата кој има проблеми со повреда. Сите имаа проблеми со болки во мускулите откако се вративме на терен по паузата. Неговата повреда е мала и е под контрола. Тој е добро и нема да има проблеми против Мајорка“, изјави Сетиен. 

Меси имаше проблеми со бутниот мускул на десната нога, поради која беше неизвесен за натпреварот против Мајорка кој на програмата е во сабота.

 

Се вчитува...