Лионел Меси… пенал промаши, па два гола постигна и Барса победи!

Барселона ја запиша и втората победа во второто коло од новата сезона во Примера, овој пат славејќи со 0-2 на гостувањето против Алавес.

Се на мечот, како по обичај, се вртеше околу најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси. Најпрво во 39. минута од средбата промаши пенал, но тоа што не го реализираше во првиот дел на мечот, го надополни во второто полувреме.

Аргентинецот водство на Барса донесе во 55. минута, а конечните 0-2 ги заокружи во 66. минута од средбата…

All Goals & highlights – Alaves 0-2 Barcelona… by goalsarena2017

Се вчитува...