Лионел Меси се врати на тренинзите на Барселона (ФОТО)

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси се врати на тренинзите на Барселона по „сапуницата“ која настана по неговото барање за напуштање на клубот.

Лео отворено збореше дека не се сложува со работата на раководството на клубот предводено од претседателот Бартомеу, но дека ќе остане уште една сезона на „Камп ноу“ како не би влегол во судска постапка со клубот кој го сака најмногу.

Тој денеска се појави во тренинг комплексот на Барселона каде што ќе биде дел од првиот тренинг пресрет новата сезона во Ла лига.

 

Се вчитува...