Липи е скептичен за формата на Ибрахимовиќ

Славниот италијански стратег Марчело Липи има сомнежи за враќањето на Златан Ибрахимовиќ во италијанската Серија А. Следниот месец на Швеѓанецот му истекува договорот со Лос Анџелес Галакси, а веќе некој период се шпекулира со неговиот следен ангажман. Најзаинтересирани за неговите услуги се калчолигашите Милан и Болоња, а по повод неговото враќање во Италија се огласи и прославениот тренер Марчело Липи.

„Долго не го гледав Ибрахимовиќ, но можам да гарантирам дека лигите надвор од Европа се квалитетни. Ибрахимовиќ се поврзува само со клубови од Италија, не со клубови од Англија или Шпанија и затоа сето тоа ме замислува“, изјави Липи. 

Ибрахимовиќ неодамна наполни 38 години, но се уште не размислува за крај на кариерата.

Се вчитува...