Лира: Среќен сум што дебитирав за Вардар со два гола

Бразилскиот интернационалец Вилијан Лира кој само пред неколку дена пристигна во Вардар, на својот прв настап во дресот на најтрофејниот македонски клуб постигна два гола во триумфот над Работнички од 6-0.

Лира вели дека е среќен поради двата гола, и пред сè поради победата на тимот на „тестот“ со Работнички.

„Секој играч посакува кога ќе дебитира за еден клуб, да почне со победа. Драго ми е што на мојот прв настап за Вардар, пред се, дојдовме до триумф, а исто така среќен сум што на мојот прв настап постигнав два гола. Се надевам дека ќе продолжам во ист стил и на  следните официјални натпревари. И после потписот со Вардар реков дека на секој тренинг и на секој натпревар ќе дадам се од себе да се наметнам и да ја оправдам довербата со голови и со добри игри“ – вели Вилијан Лира во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

Бразилецот неколку дена е со Вардар….

„Првите импресии ми се одлични. Добро сум примен од соиграчите и полека се вклопувам во новиот клуб. Се работи на професионално ниво, се бара секогаш доминација во играта, креирање шанси и се разбира секогаш да се атакува на победа. Драго ми е што станав дел од овој клуб, сега останува добро да се подготвиме за следните предизвици и секој да даде максимум за клубот да бележи успеси на сите полиња“ – вели бразилскиот напаѓач.

Освен Лира, свое деби на дуелот со Работнички имаа уште и Николас Херанц и Коста Манев кои што играа на стоперските позиции во вториот дел од средбата.

Се вчитува...