Лирој Сане доаѓа во Баерн Минхен за 110 милиони евра

Фудбалерот на Манчестер Сити, Лирој Сане, ќе се пресели во Баерн Минхен за 110 милиони евра, пренесува „Франс Фудбал“. Ќе биде тоа рекорден трансфер за германскиот првак, но и воопшто за Бундес-лигата.

Сане веќе ги договорил личните услови со Баерн Минхен и ќе заработува 18 милиони евра годишно. Тој ќе има 2 милиони евра поголема годишна плата од Роберт Левандовски.

Минатата сезона Лирој Сане одигра 47 натпревари за Манчестер Сити, постигна 16 гола и имаше 14 асистенции.

Се вчитува...