Лирој Сане е нов фудбалер на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Младиот германски фудбалер Лирој Сане е нов фудбалер на Баерн Минхен, потврдија од клубот. Сане во Баерн Минхен премина за сума од 54 милиони фунти. Сане се обврза на верност кон Баварците во следните пет сезони во кои клубот има за цел со собирањето на голем број талентирани фудбалери да стигне до титулата во Лигата на шампионите. Сити покрај парите за трансферот ќе добие и 10 отсто од секој следен трансфер на 24-годишникот.

„Баерн Минхен е голем клуб со големи цели. Со Ханси Флик соработував во репрезентацијата до 21 година и нашиот однос беше одличен. Би сакал да освојам што е можно повеќе трофеи, но пред се тој од Лигата на шампионите“, изјави Сане. 

 

Се вчитува...