Лирој Сане на пат кон Минхен, но дали за 100 милиони евра?

Германскиот репрезентативец Лирој Сане е решен да го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната и да го реализира најавениот трансфер во Баерн Минхен. Неговото заминување во последен момент беше одложено минатото лето, откако тој заработи сериозна повреда и ги скина вкрстените лигаменти на коленото во претсезоната, токму пред да се пресели на „Алијанц арена“. Сега откако закрепна и повторно е подготвен за фудбал, сака да се пресели на „Алијанц арена“.

Сепак, Баерн Минхен не е подготвен во моментот да ја плати истата сума – 100 милиони евра, како отштета за одличниот крилен фудбалер. Раководството на баварскиот клуб е во интензивни преговори со Манчестер Сити и се обидува да ја намали отштетата. Германците би се сложиле да платат 80 милиони евра, и тоа на три рати. Глобалната економска криза поради коронавирусот сигурно ќе има ефект и на фудбалските трансфери.

Се вчитува...