Лирој Сане во јануари сака преселба во Баерн Минхен

Германскиот репрезентативец Лирој Сане сака да го реализира трансферот во Баерн Минхен шест месеци подоцна од првичниот обид. Крилниот играч на Манчестер Сити беше пред преселба на „Алијанц арена“ изминатото лето, но сериозно се повреди на мечот од „Комјунити Шилд“ против Ливерпул на почетокот на август и нема заиграно се уште оваа сезона.

Лирој Сане ја надмина повредата, се врати на тренинзи и се очекува да биде подготвен за вториот дел од сезоната. Баерн Минхен во јуни понуди 100 милиони евра за негов ангажман.

Се вчитува...