„Лисиците“ лесен плен за Челси, Тотенхем рутинирано против Евертон

Актуелниот шампион на Англија, екипата на Челси ја оствари третата победа во низа во Премиер-лигата, откако го совлада Лестер со резултат од 2-1.

Челси имаше иницијатива на стартот од средбата, избраниците на Конте притискаа за погодок, но без посериозни шанси во воведните минути. Лестер свесно се повлече на својата половина надевајќи се на прилика за гол од контра напад. На пет минути пред крајот на полувремето, Марез создаде 100% шанса за својот сонародник Слимани, но Куртоа одлично реагираше и ја спаси својата мрежа. Казната за домаќинот стигна во наредниот напад на Челси, кога Азпиликуета го пронајде Мората пред голот на Шмајхел, а шпанскиот голгетер погоди со глава и го отвори резултатот со својот трет гол во дресот на „сините“ во оваа сезона.

Крег Шекспир уште на паузата посегна по клупата, направи две измени, Кинг и Греј ги заменија Олбрајтон и Слимани во обид да се стигне до израмнувачкиот погодок. Сето тоа беше залудно, бидејќи токму екс-фудбалерот на Лестер, Нголо Канте го совлада Шмајхел од огромна далечина и ја зголеми предноста во 50. минута на 2-0, во корист на актуелниот англиски првак. Неизвесноста на мечот ја врати Џејми Варди, откако реализираше од белата точка и ги постави конечните 2-1.

59b299d8d915b2fe81000018

Тотенхем по двата кикса со Челси и Барнли на „Вембли“ стадионот, рутинирано славеше против екипата на Евертон со резултат од 3-0. Клетвата наречена „август“ за Хари Кејн замина, па Англичанецот со два погодоци ја отвора голгетерската кампања за оваа сезона.

Првиот гол за „петлите“ стигна кон средината на натпреварот, Кејн во обид да нафрли во опасната зона, го совлага Пикфорд кој не ја очекуваше топката. Ериксен во 42. минута најдобро се снајде во мешаницата во шестнаесетникот на „карамелите“ и постави стабилно водство за неговиот тим на гостувањето на „Гудисон парк“. Хари Кејн го запиша вториот гол на овој меч уште во првиот напад на Тотенхем во второто полувреме за конечните 3-0 во корист за својата екипа.

Лестер 1-2 Челси

https://www.youtube.com/watch?v=2eneOrV1e80

Евертон 0-3 Тотенхем

https://www.youtube.com/watch?v=fX2suDPOBis

Арсенал 3-0 Бурнемаут

https://www.youtube.com/watch?v=CIlMJAfR_qY

РЕЗУЛТАТИ АНГЛИЈА:

Арсенал – Бурнемаут 3-0

Брајтон – ВБА 3-1

Евертон – Тотенхем 0-3

Саутепмтон – Вотфорд 0-2

Лестер – Челси 1-2

Се вчитува...