Лицемерна УЕФА: Финалето во Лигата на шампионите ќе се игра пред публика, финалето во Купот на Португалија не

По неколку дена шпекулации, вчера пристигна официјална потврда од УЕФА дека финалето на Лигата на шампионите оваа година ќе се одржи во Порто. Втора година по ред, Истанбул остана без овој голем настан што ќе се одржи во Португалија, а наводно, причината е пандемијата. Сепак, фановите на фудбалот во Португалија се назедаволни од новите одлуки, тие ја нарекоа УЕФА лицемерна бидејќи таа даде зелено светло за присуство на публика за време на финалниот меч во Лигата на шампионите, но забранија публика за финалето во Купот на Португалија.

Навивачите на Манчестер Сити и Челси треба да добијат шест илјади билети за овој натпревар, додека остатокот треба да им припадне на другите неутрални навивачи, како и на спонзорите и челниците на УЕФА. Англичаните инсистираа финалето да се одржи во нивната земја, но тој предлог беше одбиен.

Не само англиските, туку и турските навивачи се незадоволни од оваа одлука. Финалето на Купот на Португалија, во кое ќе се натпреваруваат Брага и Бенфика, ќе се одржи само шест дена пред последниот натпревар во Лигата на шампиони, а присуството на публика е забрането, па Ннавистина се поставува прашањето како е тоа можно.

Се чини дека куќата на европскиот фудбал уште еднаш донесе одлука водена исклучиво од финансиска корист. Финалето меѓу Манчестер Сити и Челси е закажано за 29 мај во 21 часот. Двете екипи треба да добијат меѓу 4.500 и 6.000 билети за своите навивачи.

Се вчитува...