Литванија посрамотена како никогаш досега, победи за Грција, БиХ, Хрватска и Црна Гора

Кошаркарската репрезентација на Литванија доживеа срам како никогаш досега откако во првиот натпревар во квалификациите за пласман на Европското првенство 2021 загубија на гостувањето кај Белгија со неверојатни 86-65. Уште од самиот почеток на мечот се виде дека бродот на Литванците ќе доживее потоп. Белгијците играа одлично во одбраната, а во нападот буквално погодуваа од секоја позиција.

Босна и Херцеговина во трилер натпревар беше подобра од Летонија со 61-62. Клучна беше последната четвртина во која Босна и Херцеговина на Летонците им дозволи само осум поени. Во дербито на рундата Германија ја совлада Франција на домашен терен со 83-69.

Изненадување приреди репрезентацијата на Холандија која успеа да ја совлад Турција на гости со 66-72. Шарлон Клоф со 26 поени ги водеше „лалињата“ до сензација, додека кај Турците единствен расположен беше Мелит Махмутоглу со 20 поени. Лесни победи забележаа Хрватска и Грција. Хрватите ја декласираа Шведска со 72-56, додека Грците и без своите најголеми ѕвезди рутински ја прескокнаа Бугарија (73-63). Босна и Херцеговина во трилер натпревар беше подобра од Летонија со 61-62. Клучна беше последната четвртина во која Босна и Херцеговина на Летонците им дозволи само осум поени.

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО 2021

Турција – Холандија 66-72

Хрватска – Шведска 72-56

Грција – Бугарија 73-63

Летонија – Босна и Херцеговина 61-62

Црна Гора – Велика Британија 81-74

Германија – Франција 83-69

Чешка – Данска 75-71

Белгија – Литванија 86-65

 

Се вчитува...