Ливаковиќ заминува од Фенербахче, познат и неговиот иден клуб

Олимпијакос повторно му прави проблеми на Фенербахче. Откако го исфрли од 1/4 финалето во Лигата на Конференции, сега го сака нивниот голман Доминик Ливаковиќ.

Во труските медиуми веќе наголемо се пишува дека единицата на Фенер се подготвува да замине од Истанбул, а клучен момент бил нападот во Трабзон, кога тој и неговите соиграчи беа нападнати од навивачите на Трабзонспор. На тој натпревар Барди постигна гол против Ливаковиќ.

Ливаковиќ и самиот барал трансфер, и се согласил да оди во Олимпијакос, кој сака да го продаде својот голман Цолакис, кој е „мета“ на некои клубови, по добрите настапи во Европа.

„Фотоспор“ тврди дека трансферот е веќе договорен, и дека Фенербахче треба да добие помеѓу 4 и 6 милиони евра.

Се вчитува...