Ливерпул без муниција на стартот на новата година

Ливерпул со три победи ја заврши 2025 година, но „црвените“ не успеаја триумфалната серија да ја продолжат и на стартот од новата календарска година откако вечерва ремизираа 0-0 против Лидс.

Откако ремизирааа 3-3 против истиот ривал на „Иланд роуд“ минатиот месец, тимот на Арне Слот повторно се мачеше против новиот премиерлигаш, не успевајќи да искреира доволно шанси, камоли да постигнат гол.

Поседот на топката не беше доволен, Лидс одлично се бранеше, а актуелниот првак мораше да се задоволи само со еден наместо со планираните три бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...