Ливерпул без Шаќири во Белград против Црвена Звезда

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп потврди дека нема да го носи Џердан Шаќири на гостувањето во Белград за дуелот од четвртото коло во групната фаза од Лигата на шампионите против Црвена Звезда. Шаќири е во добра форма во последниот период, но Клоп реши да го заштити со оглед дека се очечкува тој да биде под жесток удар на навивачите на Звезда, а поради скандалот на Светското фудбалско првнество изминатото лето.

„Има разни шпекулации и приказни за тоа што би можело да го дочека Шаќири. Сакаме да бидеме 100 проценти фокусирани на натпреварот и на ништо друго. Ние сме голем клуб, немаме никакви политички пораки. Целта ни е само да играме фудбал и затоа Шаќири нема да патува за Белград. Тој за прифати оваа одлука и рече дека разбира“ – го потврди Клоп отсуството на швајцарскиот репрезентативец.ј

Ливерпул до доби првиот меѓусебен дуел со 4-0. Англискиот состав има шест бода и ја предводи конкуртенцијата Ц во кој се уште ПСЖ и Наполи.

 

Се вчитува...