Ливерпул без важен играч пред Порто и Манчестер Сити

Ливерпул ќе биде сериозно ослабен за вечерашниот дуел против Порто во Лигата на Шампионите откако Трент Александер Арнолд не се најде на списокот на патници за Португалија.

Стандардниот десен бек се појави на вчерашниот тренинг со остатокот од тимот, па затоа е големо изненадувањето што тој не отпатува со екипата за Порто. Од Ливерпул засега не информираат дали станува збор за повреда и колку е сериозна истата. Проблемите на Јирген Клоп се уште поголеми ако се знае дека Ливерпул веќе в недела го очекува супер-дербито во Премиер-лигата против шампионот Манчестер Сити.

Доколку Александер Арнолд не биде подготвен за настап, улогата за негова замена најверојатно ќе му припадне на Џејмс Милнер, кој има предност во „хиерархијата на Клоп“ пред младиот Неко Вилијамс.

Се вчитува...