Ливерпул без важен првотимец на гости кај Фенербахче

Ливерпул има максимални девет бода по првите три рунди од Лигата на Шампионите, но англискиот гигант ќе биде ослабен за утрешното гостување против Фенербахче.

Рајан Гравенберх се мачи со незгодна повреда на петата поради која холандскиот ас не беше стартер против Арсенал, а состојбата не му се подобри ниту по неделното премиерлигашко дерби.

Поради тоа, тренерот Ираола донесе одлука Холанѓанецот воопшто да не патува за Истанбул и наместо тоа да остане во Ливерпул и да работи на својата рехабилитација. Се очекува заменик-капитенот Собослаи да сее врати во стартниот тим за мечот со Фенербахче, а една од опциите за замена на Гравенберх е и младиот Треј Ниони.

Останува да се види дали холандскиот играч за врска ќе биде „фит“ за следниот премирлигашки предизвик, гостувањето против Кристал Палас закажано за в недела.

Се вчитува...