Ливерпул дава над 100 милиони за уште еден играч

Откако се согласија за рекордна трансферна сума за Флоријан Вирц , Ливерпул е подготвен да даде нова голема понуда, достигнувајќи ја границата од 100 милиони фунти. Според „Сан“, „Мерсисајдс“ сакаат да го потпишат крилниот напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон .

Двата клуба беа во преговори за таков трансфер минатото лето, кога Њукасл беше под притисок од правилата за финансиски фер-плеј и мораа да направат голема продажба. Таков трансфер не се случи тогаш, а Гордон дури и потпиша нов договор со Њукасл. Сега, сепак, клубот од „Сент Џејмс Парк“ нема сличен проблем со финансиските правила.

Ливерпул исто така од овој тим е заинтересиран и за напаѓачот Александар Исак. Сепак, за него Њукасл има намера да бара 150 милиони фунти, што ќе биде многу тешко да добие толку од англискиот првак, кој досега потроши 150 милиони на Вирц, а исто така сака да ангажира и бекови како замена за Трент Александар Арнолд и Ендру Робертсон. Едниот веќе замина во Реал Мадрид, додека вториот е пред потпис со Атлетико Мадрид.

Се вчитува...