Ливерпул делува моќно, лесно ја реши Херта во Берлин

Ливерпул ја продолжи својата серија добри игри и по враќањето од Азија, триумфирајќи на првиот меч на турнејата низ Германија, против Херта во Берлин со убедливи 0-3.

Ова беше прв натпревар на кој Клоп можеше да смета на Мане и на Емре Џан, па германскиот стратег имаше можност да го изротира тимот и на клупата за резерви да ги остави Салах, Фирмино, Стариџ, Хендерсон, Ловрен…

Тоа воопшто не се почувствува во играта на „црвените“, кои веќе во првиот дел поведоа со 2-0 со головите на Соланке и на Вајналдум, пред конечните 3-0 да ги постави Салах по извонредната асистенција на Кутињо.

Full Highlights HD – Hertha Berlin 0-3… by denysenathan

Се вчитува...