Ливерпул доби подарок од Сити на Боксинг деј

Ливерпул обезбеди предност од шест бода пред Манчестер сити во трката за титулата во Премиер – лигата. На Боксинг Деј, „црвените“ убедливо го совладаа Њукасл со 4-0, а добија подарок и од тимот на Пеп Гвардиола, кој загуби на гостувањето кај Лестер со 2-1.

Ливерпул поведе со голот на Ловрен во 11.минута, Салах од пенал зголеми на 2-0, а убедливиот триумф го потврдија Шаќири во 79.минута и Фабињо во 85.минута од натпреварот.

Манчестер сити изненадувачки загуби вторпат во низа, овојпат од Лестер со 2-1. Бернардо Силва го отвори резултатот за „граѓаните“, но смо пет минути подоцна Лестер израмни преку Марк Олбрајтон. Триумфот го донесе Рикардо Переира во 81.минута од средбата.

Тотенхем беше безмилосен против Борнмут. Тимот на Покетино броеше до пет. Ериксен ја стартуваше голеадата, Сон беше двоен стрелец, а се придружија и Лукаш и Хари Кејн за конечен впечаток.

Мначестер Јунајтед славеше и на „Олд Трафорд“ под раководство на Оле Гунар Солскјер. Падна Хадерсфилд со 3-1. Пол Погба покажа врвна класа и постигна два гола, а првиот гол беше дело на Немања Матиќ. Почесниот погодок за Хадерсфилд го постигна Матијас Јоргенсен.

Резултати Англија: Ливерпул – Њукасл 4-0, Лестер – Манчестер сити 2-1, Тотенхем – Борнмут 5-0, Манчестер јунајтед – Хадерсфилд 3-1, Барнли – Евертон 1-5, Кристал Палас – Кардиф 0-0.

Се вчитува...