Ливерпул е во криза, Клоп нема одговор

Ливерпул влегува во сериозна резултатска криза откако веќе четврти натпревар не знае за победа. „Црвените“ по поразот од Манчестер сити и нерешените средби со Севилја (ЛШ) и Барнли (Премиер-лигата), вечерва беа елиминирани и од Лига-купот на Англија, губејќи со 2-0 на гостувањето против Лестер.

Дел од тимовите не му даваат преголемо значење на ова натпреварување, Лестер настапи без Марез, Варди и Шмајхел, но Клоп се реши за релативно силен тим, предводен од Кутињо, Вајналдум, Окслејд Чембрлен и од капитенот Хендерсон. „Црвените“ беа подобри во првиот дел кога целосно доминираа, но не искористија неколку шанси. Ситуацијата целосно се промени кога Клоп на полувреме го замени Кутињо со младиот Бен Вудбурн, Ливерпул целосно беше исфрлен од ритам, а домаќините го искористија тоа и со головите на Оказаки и на Слимани стигнаа до победата.

Клоп ќе има многу работа за да ја корегира играта на својот тим до сабота, кога Ливерпул повторно му гостува на Лестер, овојпат во Премиер-лигата.

Елиминиран во третата рунда од лига-купот е и тимот на Стоук, кој загуби со 2-0 од Бристол сити, додека Рој Хоџсон ја забележа својата прва победа како стратег на Кристал палас, совладувајќи го Хадерсфилд со 1-0 со голот на Сако.All Goals HD – Leicester 2-0 Liverpool 19.09.2017 by FootbalLivee

Се вчитува...