Ливерпул еден месец без Џејмс Милнер

Ливерпул ќе мора во следните триесет дена да се снаоѓа без помошта на Џејмс Милнер, по повредата што искусниот играч за врска ја заработи во првото полувреме од големото дерби со Манчестер сити. Иако во текот на летово беа ангажирани Кеита и Фабињо, токму Милнер беше лидер на средината од теренот во првиот дел од сезоната на „црвените“, па се очекува неговото отсуство да му создаде главоболки на Јирген Клоп.

„Прегледите покажаа дека повредата на мускулот не е премногу сериозна, но се препорачува пауза од околу еден месец“ – објавија британските медиуми.

Среќна околност за Клоп е што половина од овој период ќе биде искористен за репрезентативни настапи, па Милнер ќе пропушти две премиерлигашки средби со Хадерсфилд и Кардиф, како и најмалку еден од двата дуели во ЛШ со Црвена звезда. „Црвените“ се надеваат дека искусниот фудбалер ќе се врати во тимот навреме за дербито со Арсенал, што ќе се игра на „Емирати“ во Лондон на 3 ноември.

Се вчитува...