Ливерпул експресно најде замена за Исак – две имиња во опција

Ливерпул остана без услугите на Александар Исак кој поради скршеница на ногата го чека долга пауза од терените. Оваа повреда ги поремети плановите на стручниот штаб во клучниот дел од сезоната, а сега „црвените“ останаа без класична „деветка“, односно само со Коди Гакпо.

Токму од тука раководството на актуелниот англиски првак реагираше и веднаш почна да бара замена за Исак. Според англиските медиуми, две имиња се во игра да потпишат за Ливерпул во следните неколку денови.

Првото име кое се споменува е ветеранот Мемфис Депај, кој игра во моментов за Коринтијанс, и отворен е за краткорочен ангажман. Тој веќе има искуство со играње во Премиерлигата, откако настапуваше за Манчестер Јунајтед.

Второто име кое се споменува е Александар Сорлот. Напаѓачот на Атлетико Мадрид е во добра форма, но е во сенка на Хулијан Алварез, па затоа може да се случи тој да се пресели на „Енфилд“ како позајмен играч до крајот на сезоната.

Слот сака напаѓач кој веднаш би можел да се вклопи во системот, со оглед на густиот распоред и битката на сите фронтови.

Се вчитува...