Ливерпул го блокираше трансферот на Ловрен во Рома

Ливерпул нема да дозволи Дејан Ловрен да се пресели на позајмица во Рома, откажувајќи го овој трансфер откако италијанскиот клуб во последен момент ја промени понудата за искусниот дефанзивец.

„Волчицата“ веќе извесно време преговара за ангажман на Ловрен, но првичните преговори беа за отштета од 18 милиони евра, по што Ливерпул даде зелено светло за разговори со самиот фудбалер. Хрватот во меѓувреме ги договори личните услови со Рома, за италијанскиот прволигаш во последен момент да се премисли, па наместо целосен откуп на договор да испрати нова понуда, овојпат за позајмица на Ловрен.

Европскиот првак е разочаран од ваквиот однос на клубот од каде во претходните две сезони ги ангажираше Мохамед Салах и Алисон Бекер, па челниците на Ливерпул експресно ги прекинале сите преговори, блокирајќи го трансферот на Ловрен. Останува да се види дали Рома ќе се врати со старата понуда, или „волчицата“ ќе се насочи кон други опции за засилување на одбранбената линија, Маркос Рохо од Манчестер Јунајтед и Домагој Вида од Бешикташ.

Се вчитува...