Ливерпул уште пред крајот на сезоната во која стигна до шампионската титула во Премиерлигата напорно работи на засилувања за предизвиците во сезоната 2025/26.
Англискиот тим стигна до потписот на Џереми Фримпонг од Баер Леверкузен, а само формалности го делат од ангажман и на левиот бек Милош Керкез од Бормут.
Исто како и Фримпонг, унгарскиот репрезентативец со српско потекло добива пет годишен договор со важност до 2030 година. За трансферот ќе бидат издвоени од 45 до 50 милиони евра.
Керкез оваа сезона одигра 36 натпревари во Премиерлигата каде беше еден од најдобрите фудбалери на својата позиција. Постигна два голови и шест асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА