Ливерпул го испрати Кариус на скенирање: Имал ли мал потрес на мозокот пред да ги прими двата гола?

Англискиот премиерлигаш Ливерпул го испрати голманот Лорис Кариус на детално скенирање на главата кое требаше да утврди дали Германецот имал мал потрес на мозокот. На „Енфилд роуд“ се сомневаат дека токму на ваква состојба на Кариус се должат екстремно лошите реакции на Кариус во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Тој прими два неверојатни гола, а Реал Мадрид славеше со 3-1 во финалната пресметка во Киев.

Непосредно пред спорните интеревенции, Кариус имаше судир со капитенот на „кралскиот клуб“, Серхио Рамос, во сопствениот петерец. Германецот се наоѓа на одмор во Соединетите Американски Држави, а таму го изврши деталното скенирање на главата. Скенирањето во Масачусетс покажа дека тој сепак имал мал потрес на мозокот.

Се вчитува...