Ливерпул го купува Дани Себалјос

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е блиску до ангажман на фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Дани Себалјос. Тој не доби вистинска шанса во составот на Зинедин Зидан оваа сезона, иако дојде со епитетот најдобар фудбалер на Европското првенство за фудбалери до 21 година што се одржа во Полска.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, верува дека Себалјос може одлично да се вклопи во неговиот тим и да биде замена за Емре Џан, кој најверојатно ќе го напушти „Енфилд Роуд“. Според медиумите на Островот, Ливерпул е подготвен за Дани Себалјос да плати 25 милиони фунти.

„Црвените“ веќе договорија едно засилување за средниот ред за наредната сезона, Наби Кеита од редовите на Лајпциг.

 

Се вчитува...