Ливерпул го ’мерка’ Мохамед Салах

Египетскиот интернационалец Мохамед Салах е најновата желба на Ливерпул како едно од можните засилувања за следната сезона. Менаџерот Јирген Клоп како прва опција го имаше Џулијан Брант од Баер Леверкузен, но тој најверојатно ќе остане во Бундес-лигата, откако е на листата на желби и на германскиот првак Баерн Минхен. Токму затоа стратегот на „црвените“ комплетно ќе се насочи кон ангажман на Салах.

Египќанецот игра одлично во Серија А оваа сезона, еден од главните адути на Рома во трката за освојување на втората позиција, а Јирген Клоп смета дека би бил идеално решение за неговиот напад. Ливерпул исто така се бори за пласман во ЛШ следната сезона.

Се вчитува...